Нов лек против корона ја намалува смртноста кај заболените за 87 отсто

од Stefanija Kuzmanovska
414 прегледи

Пред околу еден месец, Американската агенција за храна и лекови (ФДА) по итна постапка го одобри лекот против ковид-19 од компанијата „Илија Лили“, базиран на комбинација на антитела. Сега е спроведена студија која ја покажа ефективноста на лекот!

Нов лек против ковид-19 е најавен од американската компанија „Илија Лили“, кој според резултатите од студијата на 750 случаи, го намалува бројот на тешки форми на заболување и морталитет кај заразените за 87 отсто.

Резултатите се добиени по втората голема студија за ефектите на терапијата со антителата бамланивимаб и етезевимаб, кои се покажаа ефикасни во третманот на лесни и умерени форми на ковид-19, објави „Ројтерс“.

Шефот на научниот тим на компанијата „Илај Лили“, Даниел Сковронски, изрази очекување дека добиените резултати ќе ги охрабрат лекарите да ги користат овие антитела пошироко во борбата против болеста.

Слични содржини