173
Во денешниот руски ракетен напад врз Киев загинаа три лица, меѓу кои две деца, а 14 се повредени, соопштија украинските власти.
Воената управа на Киев во соопштение наведе дека нападот бил насочен кон областа Десњански во источната периферија на главниот град, како и областа Дњепро, поблиску до центарот, а тоа е 18-ти напад врз главниот град на Украина од почетокот на мај, пренесува „Ројтерс“.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека девет лица се хоспитализирани поради повредите со кои се здобиле во нападот, а противпожарните служби ги гаснат пожарите предизвикани од паѓањето на остатоци од соборените проектили во близина на местото на ударот.