Сојот омикрон, кој се шири и во Македонија има дава малку поинакви симптоми од инфекцијата со видот делта.
Здравствените експерти од Американскиот центар за контрола на болести наведуваат дека еден од симптомите на инфекција со омикрон може да биде бледа, сива или сина нијанса на ноктите, усните или кожата.
Новиот вид на вирусот откриен во Франција има уште повеќе мутации од Омикрон
Иако се смета дека сојот омикрон се шири многу побрзо од претходно познатите варијанти на новиот коронавирус, студиите покажаа дека е поблаг од другите видови, а првите извештаи од ОК откриваат дека ризикот од хоспитализација е за 50 до 70 проценти помал отколку инфекција делта сојот.
Експертите од Американскиот центар за контрола на болести предупредуваат дека сивата боја на кожата, усните и ноктите може да биде знак за ниско ниво на кислород.
Други симптоми на инфекција со омикрон вклучуваат болка во ‘рбетот, засипнатост, ноќно потење, болки во мускулите и течење на носот.
Лекарите предупредуваат дека секој од наведените симптоми е знак дека човек треба да се консултира со лекар.