Нов црн ден во Италија: 662 смртни случаи, повеќе од 6.100 новозаразени

од Nikola Popovski

Во Италија, во изминативе 24 часа починале 662 лица како резултат на инфекција со коронавирус, со што бројот на починати се зголемил на 8.165.

Исто така, во изминатите 24 часа е потврдено дека се излечиле 999 лица и нивниот вкупен број сега изнесува 10.361.

Вкупниот број заразени од почетокот на пандемијата е 62.013, со 6135 нови случаи во изминатото деноноќие.

Слични содржини