Нов Зеланд го забележа првиот локален пренос на корона по два месеца

од Stefanija Kuzmanovska

Здравствените власти во Нов Зеланд го потврдија денес првиот случај на ковид-19 во заедницата по повеќе од два месеци, по што извршија итно пребарување контакти северно од Окланд.

56-годишна жена која неодамна се вратила од Европа беше тестирана позитивно 10 дена по задолжителната двонеделна изолација, иако чувствуваше симптоми неколку дена пред да биде тестирана.

Во тек беше потрага по контакти кога беше откриено дека жената и нејзиниот сопруг поминале неколку дена патувајќи низ регионот Нортленд додека потенцијално била заразна и посетиле триесетина различни локации.

Слични содржини