Нова амбиција на Бренсон: ХОТЕЛ покрај Месечината

од Nikola Popovski

Само што ја посети вселената, милијардерот Ричард Бренсон ги прошири амбициите за вселенскиот туризам, најавувајќи изградба на вселенска станица близу Месечината, каде што исто така би бил хотел.

70-годишниот Бренсон истакнал дека хотелот покрај Месечината може да биде план што ќе се реализира, и ќе биде достапен за неговите деца во иднина.

Новите планови беа откриени по успешниот лет на „Virgin Galactic“.

Пионер и милијардер во вселенскиот туризам, а сега и астронаут, рече дека идните клиенти можат да очекуваат „уште многу вселенски бродови“ од „Virgin Galactic“, што на крајот ќе ги намали патните трошоци.

Се проценува дека билетот до работ на вселената со компанијара ќе чини околу 250 000 американски долари.

Сер Ричард Бренсон рече дека летовите на Вирџин Галактик можеби не се крај на неговата работа во вселената, бидејќи компанијата планира да изгради вселенски летала што можат да летаат повисоко и подолго.

Зборувајќи за другите соништа што сакаше да ги оствари, тој рече: „Веројатно еден ден ќе изградиме хотел покрај Месечината, за кој отсекогаш сум сонувал, или ќе им го оставиме на моите деца… Ќе видиме. Тоа е нешто што е уште еден сон што, ако имам време во животот, би сакал да го исполнам еден ден“.

Бренсон се надева дека по „пресвртната точка“ кога успеа да полета до вселената, индустријата за вселенски туризам ќе расте со забрзано темпо.

Тој се надева дека со повеќе летала и ракети на располагање, тој на крајот ќе помогне да се намалат трошоците за патување во вселената.

Извршниот директор на Вирџин галакси, Мајкл Колгејзер изјави дека еден ден таа компанија може да реализира 400 летови годишно до десетици вселенски пристаништа.

Бидејќи повеќе од 600 луѓе во моментов плаќаат за да одат во вселената, а некои се подготвени да чекаат повеќе од 15 години за можноста (околу илјада луѓе платиле за резервацијата), компанијата ќе мора да ја забрза изградбата на бродови, вселенски станици, па дури и хотел.

Слични содржини