Нова бизарна теорија на заговор: Коронавирусот е измама, а доказ за тоа е банкнотата од 10 австралиски долари

од Aleksandar Petrovski
308 прегледи

Коронавирусот однесе повеќе од 320.000 животи низ целиот свет досега, но една група Австралијци смета дека всушност станува збор за измама, тврдејќи дека доказот дека станува збор за заговор може да се најде на банкнотата од 10 долари.

Имено, овие теоретичари на заговор веруваат дека пандемијата на коронавирус е оркестрирана со цел да се вакцинираат граѓаните. Тие тврдат дека тајното општество на милијардери се обидуваат да воспостават доминација над планетата и тие планираат да го постигнат тоа преку контрола на луѓето со вакцина.

Движењето ја поддржува и идејата дека антените за 5G се опасни по здравјето на луѓето и на некој начин влијаат на ширењето на вирусот корона. А сега, се појави додаток на светската завера, а сето тоа можете да го видите на банкнотата од 10 австралиски долари.

Имено, некои од теоретичарите веруваат дека печатот на банкноти има слика на КОВИД-19 во десниот агол кога се гледа под микроскоп, пренесува „”News.co.au“.

– Кога ќе ја свртите банкнотата, го добивате ефектот во боја и тогаш симболот е видлив. Може да се види на сите банкноти … во овој случај, дизајнот на симболите е начинот на кој дизајнерот го толкувал типот на акација „Acacia Victoriae“ што е на банкнотите – велат од банката на резерви во Австралија.

Кејти Атвел од Универзитетот во Западна Австралија рече дека сегашната клима на конфузија и несигурност стана основа за теории на заговор.

– Општеството е несигурно и во страв и нивниот когнитивен процес е целосно нарушен. Владите на светските земји, особено на САД, не успеаја да го спречат коронавирусот, кој има потенцијал да ги исплаши граѓаните – истакнува Атвел.

– Тоа е нестабилен коктел, границата помеѓу она што е ебено лудо и она што основано нè загрижува, почнува да нè крши – додаде таа.

Слични содржини