Словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ е новиот кошаркар на Бруклин Нетс.
Информацијата на Твитер ја објави познатиот кошаркарски инсајдер Шамс Чаранија.
Драгиќ ја започна сезоната во Торонто Репторс, но оваа сезона одигра само пет натпревари. Во ноември 2021 година, го напушти тој тим.
Драгиќ неодамна замина во Сан Антонио Спарс на последниот ден од трејд рокот, но се согласи да го откупи договорот со нив, па неговиот нов ангажман ќе биде во Бруклин.
Оваа сезона просечно бележеше по осум поени, 2,8 скока и 1,8 асистенции, додека неговата статистика во претходните клубови беше значително подобра.
Пред две сезони играше со Мајами во финалето на НБА, играше на Ол-стар натпреварот во 2018 година и во кариерата имаше просек од 13,9 поени, 4,8 асистенции и 3,1 скока.
Just in: Goran Dragic is signing with the Brooklyn Nets, sources tell @TheAthletic @Stadium.
— Shams Charania (@ShamsCharania) February 21, 2022