Нова демократија исклучи свој член поради расистички коментари

од Aleksandar Petrovski
213 прегледи

Грчката владејачка партија Нова демократија денеска го исклучи од членство Јоанис Садецидис затоа што на социјалните мрежи напиша дека мигрантите треба „да се фрлат назад во Егејско Море“.

– Јоанис Садецидис е исфрлен од членството на Нова демократија и укинати му се сите партиски привилегии, изјави секретарот на политичкиот комитет на Нова демократија Јоргос Стерју.

Слични содржини