Нова група Американци доаѓаат во С.Македонија како дел од Мировниот корпус – ќе волонтираат во училишта и организации низ државата

од Vladimir Zorba
178 прегледи

Нова група од 38 Американци во понеделник ќе пристигнат во Северна Македонија за да служат како волонтери во Мировен корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата.

За време на двогодишен престој во земјава, тие ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.

Мировниот корпус е американска владина организација и ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална политика.

Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Северна Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во државава од 1996 година, соопшти Мировен корпус во Северна Македонија.

Слични содржини