Претседателката на Македонско-бугарската стопанска комора, Билјана Митева, и амбасадорот на Бугарија во земјава, Железко Радуков, ја отворија новата канцеларија на комората во Скопјe. Отворањето се одржа во присуство на бројни членови на комората, дипломати од мисиите на Бугарија во Македонија, претставници на бизнис заедницата во земјата и други гости.
Митева им посака на членовите на комората бизнисот без граници да стане видлив, а амбасадорот Радуков изрази желба за забрзување на заедничкиот бизнис од двете страни на границата, пренесе БТА.
На амбасадорот Радуков му беше врачена плакета во знак на благодарност до амбасадата и бугарскиот народ за жртвите спасени во Бугарија по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во март 2025 година.