Нова снимка-Орце Камчев пријателски и весело се договараат со Боки13 за „Рекет“ !?

од Vlatko K

Изутринава како што од вчера најави новинарот пријател на ВМРО ДПМНЕ, Ларис Гајсер, во италијанскиот весник „Ла Верита“,  објави нови снимени материјали за случајот „Рекет“.

На снимката се слуша  како Боки 13 и Орце Камчев многу пријателски и весело разговарат, како се броени парите, како се собрани од банка , се слушаат по телефон , што остава впечаток дека тука не станува збор за Рекет страв и уцена, туку многу повеќе за Поткуп и Мито за да се заврши работа за слобода на тој што плаќа.

Во еден дел се слуша вметнат глас на  Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, што не може да се дефинира дали таа учествува во разговорот или е само вметната.

„Не се секирај за ништо се ќе биде ОК“,  но не е јасно кому го вели тоа Јанева !?Провмровските медиуми тоа го толкуваат дека е обраќање кон бизнисменот Орце Камчев  Слушнете  го објавеното видео со монтирани аудио разговори:

Слични содржини