163
Претседателот Стево Пендаровски утре, 6 февруари 2023 година, понеделник, ќе биде домаќин на претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателката Новак на официјална церемонија ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Новак и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Унгарија.
Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас” во Скопје претседателката Новак и претседателот Пендаровски ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.