Моделот Лорена Рае е поврзувана како новата девојка на Леонардо ди Каприо. и треба да се признае – холивудската ѕвезда дефинитивно има вкус.

Убавицата беше фотографирана од папараците викендов во Њујорк, за време на попладневниот фитнес. Под надзор на инструктор таа совесно ја исполнуваше секоја вежба.

Лорена го прикова вниманието со совршени форми кои беа нагласени од спортската нејзина визија.

Интересно е дека Лео ги крши принципите и ако гласините се покажат точни, за прв пат по многу време до него застанува бринета. Досега тој излегуваше само со русокоси, која од која попознати – Жизел Бундхен, Бар Рафаели, Ерин Хитортон, Кели Рорбах, Нина Агдал.

Доаѓа ли крајот на русокосите супермодели? Всушност, новото е само дека Лорена не е русокоса. Таа е модел, од Германија, и е на 23 години – речиси 20 години помала од славниот актер.

Засега ниту еден од двајцата не коментирал дали имаат врска и колку е сериозна, но пак Рае дефинитивно импресионира со изгледот и вложува многу грижи за него.