Новата германска влада силно ја поддржува европската перспектива на државите од Западен Балкан сметајќи дека политиката на проширување на ЕУ е важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката.

Тоа се наведува во нацртот на коалициониот договор меѓу ЦДУ/ ЦСУ и СПД, објави весникот „Велт“, истакнувајќи дека се уште не е конечен текстот на документот и дека деталите се уште се утврдуваат.
– Политиката на проширување на ЕУ останува важна за да се поттикне мирот, стабилноста и соработката. Истовремено, ЕУ мора преку внатрешни реформи да ја осигура својата способност за дејствување. Ние го поддржуваме приближувањето кон ЕУ, а посебно внимание посветуваме на развојот на демократијата и правната држава, се наведува во текстот на договорот.
Во текстот се истакнува дека претпоставка за напредок во приближувањето е државите од регионот да ги исполнат предвидените критериуми.