„Новавакс“ вакцина: Нова надеж во борбата против короната

од Vladimir Zorba

Откако американскиот производител на вакцини „Новавакс“ го одложи почетокот на подоцнежната фаза на тестирање на експерименталната вакцина за корона во САД, сега имаме вест дека тестирањето продолжува.

Претходно, Новавакс беше еден од водечките кандидати меѓу компаниите што произведуваат вакцини за корона, но тестирањето беше одложено поради доцнење во производствениот процес.

„Новавакс“ веќе спроведе тестови на 15.000 волонтери во Велика Британија и планира да ги достави резултатите со барање за одобрување до Европската регулаторна комисија, според Sciencemag.org.

Покрај тоа, компанијата објави дека ќе ја тестира својата вакцина за новиот вид на коронавирус, кој се чини дека е полесен за пренесување, а кој првпат беше забележан во Велика Британија.

Слични содржини