Нови 20 лица починаа од корона, веќе се 3.300 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Министерството за здравство пријави 20 нови починати лица како последица на коронавирусот.

Тие се на возраст од 50 – 93 години.

Девет пациенти се од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани.

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од почетокот на корона-кризата во државава починаа вкупно 3.300 лица.