Нови 24 лица ја загубија битката со короната, тројца починале во домашни услови

од Vladimir Zorba
232 прегледи

Министерството за здравство соопшти дека во изминативе 24 часа нови 24 лица ја загубија битката со Ковид-19.

Од нив, 10 починати лица ањ од Скопје (93г, 85г, 81г, 70г, 65г, 63г, 59г, 57г, 50г и 37г), 4 од Гостивар(86г, 75г, 63г, 51г), 2 починати лица од Прилеп (70г и 45г) и по едно починато лице од Тетово (87г), Кавадарци (67г), Струмица (62г), Кичево (61г), Кочани (76г), Дебар (60г), Валандово (76г) и Богданци (62г).

Од пријавените 21 е починат во болнички услови и 3 се починати во домашни услови.

Од почетокот на ковид-кризата во земјава, вкупно 6.153 лица го загубија животот од вирусот.

Слични содржини