Нови 24 лица ја загубија борбата со короната, вкупно 5.632 од почетокот на кризата

од Vladimir Zorba
160 прегледи

Министерството за здравство пријави 24 починати лица во изминативе 24 часа како последица на коронавирусот.

Од нив, 6 се од Скопје (69г,70г,73г,76г,77г и 79г), 5 починати лица се од Куманово (59г,60г,67г,69г и 78г), 4 починати лица од Тетово (47г,62г 67г и 68г), 3 починати лица од Кичево (64г,67г и 77г), 2 починати лица од Гостивар (63г и 74г), по едно починато лице од Валандово (43г), Охрид (61г), Струмица (73г), и Битола (74г).

Сите пациенти се починати во болнички услови.

Од почетокот на корона-кризата починаа вкупно 5.632 лица.

Слични содржини