Нови 34 случаи на Ковид-19 и две починати лица

од Берта Китинска

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 598 тестови, а регистрирани се 34 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 25, Битола – 3, Гостивар – 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци и Охрид – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (34), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од: Скопје – 33, Битола – 4, Куманово и Гевгелија – по 2, Прилеп, Велес, Штип, Кичево, Кратово и Богданци – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се две починати лица од Скопје (72г) и Прилеп (77г). Едно лице е починато во домашни услови и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 17.09 до 01.10.2022година.

Направени се 598 тестови: ИЈЗ-70, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-20, ЦЈЗ Прилеп-4, ЦЈЗ Тетово-9, ЦЈЗ Куманово-16, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-44, Жан Митрев (Филип Втори)-2, Авицена-6, Биотек-69, Систина-4, лабораторија Лаор-3, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-3, Генеа-3, Никоб Лаб-9, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-2, Спектра-ММ-1, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 285.

Досега во земјата се направени вкупно 2.178.565 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.756, бројот на оздравени пациенти е 333.880, на починати е 9.556 а бројот на активни случаи изнесува 320.

Слични содржини