403
На 16.08.2021 полициски службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар извршиле контрола на лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Притоа, било констатирано дека А.И.(33) од тетовско Селце, Ќ.М.(55) од Тетово, малолетно лице од Голема Речица, С.М.(52) од Тетово и Н.Б.(29) од Гостивар не биле затекнати во своите домови, односно ја напуштиле државата, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик.