Нови американски амбасадори во Косово и Црна Гора

од desk4
122 прегледи

   Стејт департментот најави промени на амбасадорите во американските мисии во Црна Гора, Косово и Молдавија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

На редовниот прес брифинг портпаролката Хедер Нојерт синоќа најави дека нов амбасадор во Косово ќе биде Фил Коснет, кој доаѓа на местото на досегашниот шеф на тамошната мисија Крег Делави.

Во Црна Гора, новиот амбасадор на САД ќе биде Џуди Рејнке, која е распоредена на местото на нејзината колешка Маргарет Јуехера.

Нов американски амбасадор добива и Молдавија, каде досегашниот шеф на тамошната мисија ќе биде заменет со Дерек Хорат, дипломат од кариера.

Стејт департментот исто така најави промени на амбасадорските места во низа африкански и азиски земји.