Нови четири лица хоспитализирани на Инфективна, сите јаделе во сендвичарата „Седмица“ во Лептокарија (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
142 прегледи

Сендвичарницата „Седмица“ во Карпош, е затворена. За два дена вкупно 25 лица се пожалиле на здравствени проблеми, откако јаделе сендвичи. Од нив, петтмина синоќа се хиспитализирани, а денеска на Инфективната клиника во Скопје задржани биле уште четири лица, пренесува ТВ21.

По извршениот инспекциски надзор, надлежните донеле решение за затворање на објектот во Лептокарија и наложиле темелно чистење на просторот, опремата и работните површини, да се изврши дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Воедно сите вработени морале да извршат здравствен преглед.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека е земен бактереолошки примерок од рацете на вработената која ги подготвувала плескавиците, брисеви од грло и нос на тројца други вработени, како и брисеви од работните површини и мостри од храна.

„Надзорот бил извршен во соработка со екипа од ЦЈЗ-Скопје и двајца инспектори од Агенција за храна и ветеринарство. ДСЗИ во Карпош ја затвори сендвичарницата и наложи превентивно да се спроведат санитарно-хигиенски и против епидемиски мерки“, велат од Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Во понеделник ќе бидат готови резултатите на микробиолошките анализи. Тогаш ќе се знаат вистинските причини за труењето со храна. Дежурните инфектолози велат дека според симптомите на пациентите, не се работи опасна бактерија која може да се прошири како епидемија.