Невидена трагедија во Ердевик се случи денес кога Предраг Г. (53) ја убил сопругата Бранислава (49), инаку директорот на Основното училиште „Сава Шумановиќ“ во Ердевик, како и возачот на училиштето Мирослав Б. (56).

Како што дознава српски Курир, Предраг најпрво влегол во просторијата на домарот, каде што седел Мирослав со домарот.
Тој му се обратил на домарот со зборовите: „Тебе нема, него ќе го решам“, по што несреќниот човек се поместил на страна и се онесвестил од страв.
Откако го убил возачот, Предраг Г. се качил во канцеларијата на неговата сопруга каде била секретарката.
– Весна тргни се и тебе да не те убијам – се неговите последни зборови пред да ја застрела својата сопруга.
Се сомнева дека ова злосторство е од љубомора.
Тој се предал на полицијата.
https://www.youtube.com/watch?v=VyZnQl-xU4c&feature=emb_title