Нови детали за ДВОЈНОТО УБИСТВО во Србија: „Ми кажаа дека ќе ме исечат на парчиња“

од Stefanija Kuzmanovska

Директниот извршител на двојното убиство Н.Л. (23) го признал убиството на младите момчиња во Футог, Србија, а во полиција рекол дека се плашел за својот живот, поради што ги убил Н.Ш. (19) и М.М. (20), дознава „Блиц“.

Како што неофицијално дознава порталот, Н.Л. раскажал дека се плашел за својот живот бидејќи, наводно, двете момчиња му се заканувале дека ќе го исечат со мачети и ќе го фрлат во Дунав.

„Раскажа дека отишол во куќата да земе пиштол, кога ги видел Н.Ш. и М.М. во автомобилот пред неговата куќа. Тој рече дека потоа земал пиштол, седнал во автомобилот во кој биле неговите пријатели и пукал во правец на жртвите“, вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Н.Л. наводно рекол дека не знае дали ги убил или само ги ранил.

Камерите од блискиот објект снимиле видео, на кое се гледа директното извршување на двојното убиство.

Да потсетиме, во престрелката што се случи синоќа околу полноќ пред основното училиште „Десанка Максимовиќ“ во Футог, убиен е Н.Ш. (19), а денеска почина и М.М. (20) кој бил ранет.

Првиот итен повик дошол 17 минути по полноќ, а следел уште еден, кога полицијата на местото на настанот пронашла уште едно младо момче без свест.

Слични содржини