517
Две експлозии и сирени се слушнале во Багдад, јавува Ројтерс повикувајќи се на сведоци во Ирак.

Фото: AP Photo/Nasser Nasser
Ирачката заедничка воена команда веста ја потврдила и за Си-Ен-Ен, чија екипа е во Багдад. Од воената команда им соопштиле дека две ракети слетале во Зелената зона во Багдад.
Нема извештаи за жртви, а инцидентот се случил веднаш по полноќ по локално време. Тимот на Си-Ен-Ен во Багдад слушнал сирени од Зелената зона и две експлозии.
Ракетите слетаа неполн ден откако Иран испука повеќе од десетина ракети кон ирачките бази во кои се сместени американските трупи.