Нови гужви на „Богородица“, се чека околу 45 минути

од Nikola Popovski

На македонско-грчката граница повторно се создаде метеж од патнички и товарни возила со патници кои заминуваат за соседна Грција. На ГП „Богородица“ пуштени се пет ленти, а задржувањето за излез од државата е околу 45 минути.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини