Бројот на новозабоелни почнува да расте. Во повеќето земји се воведуваат нови мерки, есенскиот бран го зафаќа и регионот .Кај нас според ИЈЗ во период од 28 септември до 4 октомври забележан е раст на бројот на зболение за над 35,5 проценти, а највисока инциденца е заблежана во Берово, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Во сите одделенеија во болниците низ земјава има значаен број на пациенти. Дел од нив се препраќаат во други болници каде има место.Подготвена е болницата во Кочани каде има 60 кревети.По еден месец по отварањето на градинките процентот на заболени е низок бидејќи практично протоколите се почитуваат.Внатрешна трансмисја во установите нема, сите позитивно регистриани случаи се заразени од надвор, изјави Филипче.
Со оглед на зголемениот број на заболени со коронавирус тој напомена дека до владата ќе биде доствен предлог на на нови мерки:
-Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица. Задолжително носење маски секаде, на отворен и затворен простор. Исклучок е спортување на отворено и затворено и возење на возило освен ако се од исто семејство и во угосителски објекти, изјави Филипче.
За мерките ќе се одлучува на владина седница.