18
Рикардо Калафиори заработи повреда на четвртфиналниот натпревар од Лигата на нации против Германија, што претставува нова главоболка за Микел Артета.
Се чини дека Калафиори го повреди коленото на натпреварот против Германија, што не е добар знак, но се уште не е познато колку ќе трае паузата.
Калафиори со мака го напушти стадионот „Сан Сиро“, а по заминувањето даде краток коментар: „Сè уште не знам што е“, рече Калафиори со загрижено лице.
Ова би било сериозен проблем и за Артета. Арсенал влегува во завршниот дел од сезоната и во борбата за трофеи. Титулата во Премиер лигата е само теоретска, но тука е и борбата во Лигата на шампионите.
Арсенал ќе се соочи со Реал Мадрид, а Калафиори таму би бил од исклучителна важност.