Нови мерки во Србија: Трговските центри и рестораните „под клуч“

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Кризниот штаб на Србија одлучи дека работата од утре во 6:00 часот ќе биде можна за сите, освен трговските центри и угостителските објекти, со максимално почитување на епидемиолошките мерки.

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, рече дека за време на состанокот на премиерот на Србија, Ана Брнабиќ, со медицинскиот дел на Кризниот штаб, било договорено сите установи да бидат отворени од утре од 6:00 часот, освен угостителски објекти и трговски центри.

Работата ќе им биде обезбедена на сите други со максимално почитување на мерките за задолжително носење маска и растојание што вклучува едно лице на девет квадратни метри.

Угостителските објекти ќе можат да продаваат храна и пијалоци за носење.

Инспекцискиот надзор дополнително ќе се засили контролата на ковид-чуварите во сите објекти.

Нема промена кога станува збор за работата на основните и средните училишта.

Весиќ рече дека договорените мерки се единствениот начин да се зачуваат работните места, пренесува РТС.

Тој најави дека ќе се одржи уште еден состанок во вторник или среда, на кој ќе се проценат ефектите од мерките.

Слични содржини