Нови обвинувања против Бен Афлек: „Ме зграпчи за задник, а потоа ми став прст меѓу бутови“

од desk2
83 прегледи

Холивуд го тресе еден од најголемите секс скандали во историјата поврзан со името на Харви Вајнстин, а сега на сличен удар се најде и Бен Афлек.

Сè започна со обвинувањата од ѕвездата на One Tree Hill, Хилари Бартон, која изјави дека ја пофаќал за градите во текот на снимањето на емисија во 2003 година. Потоа протече снимка на која во крило му седи новинарка, додека неговите раце шетаат горе-долу по нејзиното тело.

После тоа, мејк ап артистката Анамари Тендлер на својот Твитер профил ја опиша непријатната средба со Афлек на доделувањето на Златните глобуси во 2014 година.

„И јас би сакала извинување од Бен Афлек кој ме фаќаше за задникот на забава по повод доделувањето на Златните глобуси во 2014 година. Одеше покрај мене, ме заграби за задниците и ми пикна прст помеѓу нив. Мислам дека сакаше да испадне дека ме истава од патот пред него, но наместо за грб, ме зграпчи за задник“, напиша таа.