Нови правила за спортистите: Тренинг на растојание од пет метри и задолжително обележано името на шишето со напивки

од Берта Китинска
384 прегледи

Новиот невидлив непријател ќе не научи на некои нови правила кои ќе мора да ги применуваме за да се заштитме себеси и нашето здравје. Во текот на вчерашниот ден Владата ги објави протоколите што произлегуваат од втората фаза од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување ширење на коронавирусот.Меѓу нив беше  објавени и протоколот за тренинг на спортисти во поединечни спортови.

 

Протокол за тренинг на спортисти во поединечни спортови

1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои може да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5 м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20 м2 за спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица, вклучително и еден тренер, со минимален број технички лица (најмногу две лица);
2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови;
3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите;
4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери;
5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и ако има, се отстранува;
6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник;
7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг одделно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг, со што се избегнува користење на соблекувалните;
8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5 м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание;
9. Тренингот да се врши на отворен простор;
10. По завршување на тренингот, опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70 отсто на база на алкохол;
11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип ист спортист со ист тренер;
12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напивки,
13. По завршување на тренингот, спортистите и тренерот заминуваат дома одделно, без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.

Слични содржини