Нови прегрупирања за радовишани и битолчани во пинг понг

од Vlatko K
231 прегледи
 Дванаесеттото и тринаесеттото коло од Супер Лигата и Првата лига донесоа решение на две непознати. Познато е дека екипата на Радовиш од следната сезона ќе се натпреварува во елитата, додека битолскиот клуб Мултитекс се сели во првата лига. За опстанок во Супер Лигата во бараж натпревар штипскиот УГД ќе се бори против Кочани, екипа која ќе се обиде да се пласираат во првата лига.

сн1.jpg

 Врвот на супер лигата ќе се решава во последното коло, Вардар и Младост во последното коло ќе одлучат кој ќе ја има пол позицијата во плеј офот. Победникот од нивниот дуел ќе го освои првото место во регуларниот дел на првенството што значи дуел со четврто пласираната екипа. Во борба за третото место подобри шанси има екипата на Телеком НЕЦ која што има ист број на бодови со Младост 96, но има подобар скор од меѓусебните дуели.
 Вардар, Младост, Телеком НЕЦ и Младост 96 се екипите кои обезбедија учество во плеј офот. Екипите на Работнички и Шампион ФА обезбедија учество во супер лигата и за следната сезона.
 Вистинска драма во последното коло ќе се случува во борбата за опстанок во Првата лига. Борец ТИМ, Студент и Пелистер се во игра за опстанок.
Можни се следните комбинации, Пелистер со победа над Студент, доколку загуби Борец ТИМ обезбедува директен опстанок во лигата. Борец доколку победи во последното коло ќе биди сигурен на шестото место. Студент со победа обезбедува бараж натпревар за опстанок во првата лига.
 На 17 Февруари во СЦ Форца во Скопје не очекуваат интересни натпревари на кои што ќе бидат решени и последните непознаници од регуларниот дел на сезоната 2018/19.
Супер Лига XII коло
Телеком НЕЦ – Мултитекс 4:1
Вардар – Шампион ФА 4:1
Младост 96 – Работнички 4:2
УГД – Младост 0:4
Супер лига XIII коло
УГД – Телеком НЕЦ 0:4
Младост – Младост 96 4:2
Работнички – Вардар 2:4
Шампион ФА – Мултитекс 4:0
ТАБЕЛА СУПЕР ЛИГА
  1. Вардар  25
  2. Младост  24
  3.  Телеком НЕЦ  22
  4. Младост 96  22
  5. Шампион ФА  18
  6. Работнички  17
  7.  УГД  15
  8. Мултитекс  13
Прва Лига XII коло
Студент – Пошта 2 4:3
Радовиш – Пелистер 4:0
Струга – Дебар Маало одложено
Борец ТИМ – Кочани 1:4
 
Прва лига XIII коло 
Борец ТИМ – Студент 4:3
Кочани Струга одложено
Дебар Маало – Радовиш 1:4
Пелистер – Пошта 2 1:4
ТАБЕЛА ПРВА ЛИГА
 
  1. Радовиш  26
  2. Кочани  22
  3. Пошта 2  20
  4. Дебар Маало 18
  5. Струга  17
  6. Борец ТИМ  16
  7. Студент (-1)  15
  8. Пелистер  15
 Екипата на Струга има 2 натпревари помалку. Екипита на Кочани и Дебар Маало имаат по еден натпревар помалку.