Владата на Србија, на предлог на Кризниот штаб за заштита на здравјето на населението од инфективната болест Ковид-19, денес донесе нови мерки за борба против епидемијата, кои се однесуваат на претстојниот викенд (6 и 7 март).
Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на онлајн настава.
Донесена е одлука дека од сабота, 6 март во 12 часот до понеделник, 8 март во 6 часот наутро сите угостителски објекти (кафулиња и ресторани), сите продавници( освен продавниците за храна), салони за убавина и фризерски салони, детски игротеки, спортски сали ќе бидат затворени.
Со други зборови, само продавниците за храна, кои можат да работат до 21 часот, аптеките и бензинските пумпи чие работно време не е ограничено, ќе имаат можност да работат утре попладне до понеделник наутро.
Од понеделник, 8 март, сè ќе работи според вообичаениот режим и работното време на сите објекти ќе биде исто како и денес.
Вакцинацијата против Ковид-19 ќе се одвива без прекин според однапред утврден план, така што новите мерки на кој било начин не го загрозуваат процесот на имунизација.