Нови воздуши напади на Русија врз украински градови

од Даниел Ѓорѓиевски
91 прегледи

Додека во Лондон се одржуваат клучните состаноци на европските лидери за одбраната и обидите да се запре војната во Украина, Русија продолжува со нападите врз украинските градови. Во текот на ноќта руската војска ја нападна Украина со 79 беспилотни летала и го гранатираше источниот град Краматорск, при што загина еден цивил, а двајца беа повредени.

„Краматорск беше цел на непријателско гранатирање – беше погодена станбена зона. Почина момче родено во 2006 година“, изјави градоначалникот Олександр Гончаренко, додавајќи дека се повредени маж и жена.

Украинската војска објави дека противвоздушните сили успеале да соборат 63 од 79 беспилотни летала што Русија ги лансираше во текот на ноќта во неколку украински региони.  Во напад на руско беспилотно летало врз Запорожје, град во југоисточна Украина, е повреден еден цивил, објави гувернерот на регионот.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нападите врз Украина ќе продолжат се додека не се постигне договор за прекин на огнот што е прифатлив за Москва.

Слични содржини