Новинарите во Европа се жртви на постојан малтретирање и закани

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Неказнетите напади врз новинарите предизвикуваат автоцензура и премолчењување на важни информации.

Закани, сајбер напади и напади – со тоа постојано се соочуваат новинарите во Европа , се вели во извештајот на Советот на Европа, цитиран од германскиот весник “Франкфурт алгемајне цајтунг”.

Според спроведеното истражување “69% од новинарите известуваат дека биле жртви на психичко насилство во форма на заплашување, закани, клевети и понижувања”, изјавија од Стразбур.

Речиси една третина од анкетираните новинари минатата година биле предмет на физичко малтретирање поради својата работа или истраги.

35% од нив биле под притисок на  полициските власти. Повеќе од половината  биле на удар на наведи и сајбер малтретирања. Тоа се случувало најчесто во форма на обвинение во отсуство на објективност, лични напади, закани со дела за клевата, “хејтерство” или набљудување.

Под една третина од новинарите велат дека барем еднаш биле жртва на кражба, конфискација или уништување на работната опрема, а 13 отсто од жените во медиумските кругови на сексуално вознемирување.

Како резултат  на тоа кај новинарите се втемелува страв од идните насилство како и од анксиозност во врска со безбедноста на своите семејства и блиски. Како што истакнува Советот на Европа последиците од тоа се изразени во појавувањето на автоцензура. Податоците покажуваат дека 15 отсто од испитаниците се чувствуваат обврзани да ги сопрат своите  строии и тргнат на страна  материјалите во името на својата безбедност. Истражувањето е спроведено меѓу 940 новинари од сите 47 земји-членки на советот, како и од Белорусија. Тие биле избрани меѓу членовите на петте најголеми организации кои се занимаваат со медиумите и слободата на изразување.