Според првите реакции филмот не успеа да привлече внимание, па викендот на отворањето заработи само 126 долари. Да добро прочитавте, не 126 илјади, туку само 126 долари.

Порано осуден за сексуално матретирање, за кои го товареа повеќе актери, откако изгледаше дека кариерата му е запечатена, Кевин Спејси се врати со нов филн кој беше прикажан во американските кина овој викенд . Но, дожибвеа дебакл.
“Billionaire Boys Club” е снимен пред скандалот со Спејси.
„Се надеваме дека обвиненијата за однесувањето на еден од актерите, кои не беа познати во времето кога е сниман филмот, нема да му пречат. Но, одлуката да го пуштиме беше тешка“, изјави дистрибутерот.
“Billionaire Boys Club” е работен по вистинска приказна за група момчиња кои во осумдесеттите години на минатиот век основале клуб со цел на брзина да се збогатат со измами.
Спејси го игра Рон Левин, хомосексуалец кој е убиен откако измамил група луѓе. Телото не му е најдено, па се смета дека можеби е жив.
Режијата е на Џејмс Кокс, а покрај Спејси играат и Ансел Елгорт, Терон Еџертон, Ема Робертс и други.
Спејси го исфрлија од филмот“All The Money In The World”, а му ја откажаа и улогата во серијата “House of Cards” поради обвиненијата за сексуално вознемирување.
Него колегата Ентони Реп го обвини дека кога имал 14 години сексуално го нападнал, односно легнал врз него во една хотелска соба.