
Ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо веќе е сопственик на уште еден супер автомобил. Португалцот се пофали со нов Bugatti Chiron.
Веста ја објави преку слики и видео на Instagram. Ова е второ засилување во гаражатаа на напаѓачот во последните неколку дена откако си купи и Ferrari F12 tdf. Во колекцијата на Роналдо има уште Koenigsegg CCX 11 Bugatti Veyron, Lamborghini Aventador, Porsche 911 Turbo S, Ferrari 599 GTO и Rolls-Royce Ghost.
“Новиот ѕвер во куќата”, напишал Португалецот под својот нов пост на социјалната мрежа, а на радоста на другите веднаш го возелаавтомобилот. Bugatti Chiron е опремен со 8,0-литарски W16 мотор кој развива 1500 коњски сили и има вртежен момент од 1600 Nm. Забрзувао од 0 до 100 км/ч за 2,5 секунди, а максималната брзина му е 420 км/ч.