Новиот живот на бившата жена на Путин, Људмила, со младиот Артур

од Vladimir Zorba
309 прегледи

58-годишната поранешна прва дама  го зеде презимето на 37-годишниот бизнисмен

“Прво ќе ја  омажам поранешна жена, тогаш ќе размислам за себе”, рече во 2013 година рускиот претседател. “Среќата – тоа веројатно е движење за средба на еден човек со друг. На маж со жена, на човек со држава, на родители со деца. Движење за средба на еден човек со друг. ” Тоа се зборови на Људмила Путин, поранешна стјуардеса и прва дама на Русија во текот на 30 години до разводот си во 2013 година, пишува 24 Часа. 
 Тогаш рускиот претседател и неговата сопруга објавија  сензационалната вест за “цивилизираниот  развод” по нивни зборови во интервал на балетскиот  спектакл “Есмералда” во Кремълскиот дворец.Оттогаш околу името на Људмила Путин се вртат секакви гласини за нејзини обожаватели. На прашање за Путин дали друга жена го  зазела нејзиното место, тој одговори шеговито: “Прво треба да се даде простор  на неговата поранешна жена да се омажи, а потоа ќе размислуваме за себе.” За животот на брачната двојка во јавноста остана малку . Неколку интервјуа и сеќавања во книги. Една од нив е автобиографска книга на Људмила – “Владимир Путин. Патот кон власта.” Во неа таа со тага се сеќава за семејниот живот.Книгата исчезнува од книжарниците набргу откако беше ставен на продажба.Откровенијата на Путин се копирани од некои медиуми и се достапни на интернет.
По разводот си Људмила започнува нов живот. Прво го менува презимето со татковото име, а потоа со презимето на наводниот нејзиниот нов избраник.Според медиумите тој е Артур Очеретни. Новата презиме на првата дама беше извадена од Катастар на Русија. Во 1997 година  со живеалиште во Санкт Петербург,кое  припаѓало на мајката на Путин, а подоцна и на семејството, станува сопственост на Екатерина Шкребнева, мајка на Људмила Путин. Во јули минатата година имотот се води веќе на името на Олга Цомаева помала сестра на поранешната жена на претседателот. На крајот од минатиот август станот повторно  го менува сопственикот – неговиот нов сопственик е некоја Људмила Александров Очеретна.Местото, датумот на раѓање, името и татковото име целосно се совпаѓаат со она на поранешната прва дама. Пасошот и презимето на Очеретна е издаден на 2 февруари 2015 година во Москва. Интересно е дека по излегувањето на публикацијата на весникот  “Соговорник” од рускиот Катастар исчезнуваат сите лични податоци за сопственикот на станот од отворената база на податоци, пишува рускиот сајт “Газета.Ru”. Можеби индиректно доказ дека во животот на Људмила Путин се случуваат големи промени.
Претпоставениот избраник на првата дама Артур Очеретни е раководител на Фондацијата “Центар за развој на интерперсонални комуникации”. Тој е роден во 1978 година во село во Подмосковјето. Очеретни живеат во микрореон Птицефабрика, во блок 28, сива и нажалена панелка на девет ката, која наликува на голем пароброд, исфрлен на брегот од невремето, според www.liveinternet.ru. Половина живеалиште е во сопственост на мајката на Артур, а остатокот – негова . Соучениците на Артур од локалното училиште не може да се сеќаваат на него ништо посебно. Во советско време неговиот татко имал автомобил ЗАЗ 968А64 – ака “Запорожец”. Истиот модел во оние години го имал и Путин. “Владимир Владимирович имаше автомобил, кога се запознавме. Сеќавајќи еден момент во кој немаше придушувач и без него во втората половина на ноќта возевме  во Петербург. Очигледно, тој многу сакаше да ми покаже градот во текот на ноќта и исто така да се покаже дека има лична автомобил што во тоа време беше исклучително престижна “, се сеќава Људмила Путин во автобиографската книга. во тоа време семејството Путин имало сопствен бизнис.
Според податоците на Kаrtoteka.Ru, во 1996 година во Москва е регистрирано ООО “Фунтејн Експрес”, специјализирана за поправка на канцелариска опрема. Во 2014 година компанијата е затворена . Косопственици  на “Фунтејн експрес” се водат Артур Очеретни, Људмила Очеретна и Сергеј Очеретни, гувернер. Бизнисот на Артур. Во 2004 година во Москва е регистрирано ООО “ЕкспоДом”. Еден од сосопствениците е Артур Очеретни. Компанијата се занимава со трговија на големо на риба и морски производи. По три години е на добивка над 10,5 милиони рубљи. Фирмата постои до 2013 година Поранешниот бизнис партнер на Очеретни денес е раководител и косопственик на познатото ЗАО “Русскаја икра”. Од 2003 до 2008 година Артур Очеретни станува директор на компанијата “Арт шоу центар”, која ги  раководи настаните за “Единствена Русија” , ОНФ, “Газпром” и други структури. Се претпоставува дека Артур Очеретни токму тогаш се запознал со Људмила Путин. Во 2004 година компанијата на Артур организира голема меѓународна младинска средба, која е под покровителство на Људмила Путин. На официјалниот сајт на администрацијата на претседателот kremlin.ru има извештај за манифестацијата, во кое учествува и Путин. Покрај овој форум “Арт шоу центар” организира уште многу културни и образовни настани за млади во кои зема учество првата дама на Русија. Во последните години фирмата, која се раководи од нов директор, има склучено девет договорот со различни државни структури за 203 милиони . рубљи. “Газета.Ru” се обидува да се поврзе со раководителите на компанијата, за да праша што работи Артур Очеретни, но не добива никаков одговор.
Во 2010 година Артур Очеретни предводи ООО “Меридијан”. Негов основач е Татјана Шестакова. Според податоците на “Газета.Ru” таа е сопруга на пријател од детството на Владимир Путин – Василиј Шостаков. Тие заедно тренирале  џудо. Во истата година Очеретни станува претседател на Управниот одбор на Фондацијата “Центар за развој на меѓучовечките односи”. Тој е создаден по идеја на првата дама и до 2009 година се вика Центар за развој на рускиот јазик. Под негова покровителство се одржуваат фестивали и други настани поврзани со промоцијата на рускиот јазик.Центарот е сучредител на издавачката за литература, во кое Артур Очеретни држи 75%. Издаваштвото објавува неколку списанија. Артур Очеретни и Људмила Путин се пријатели на Фејсбук. Вниманието на медиумите привлекува пост на Очеретни од 14 април 2015 година, во кој тој ги  дели резултатите од направен психолошки тест. Единствениот  под него е Људмила Путин. Има и друга верзија дека Артур е вработен на ФСБ, чија задача е да стои блиску до поранешната прва дама и да се грижи за заштита на тајните. Како и трета верзија дека Путин се развел со сопругата, за да и даде можност за нов живот. Во руските медиуми има слики на Људмила Путин и Артур Очеретни заедно, но нема повеќе информации. Људмила Путин беше изјавила дека е уморна од публицитетот и сонува да продолжи живот далеку од вревата