Европскиот комесар за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос: “Денес ја затвориме најкритичната безбедносна дупка за Европската унија”
Новите правила за зајакнување на Шенгенскиот информативен систем (ШИС), кои ќе придонесат за борбата против тероризмот, елиминирањето на прекуграничниот криминал и илегалната миграција, ќе стапи на сила денеска.
“Денес ја затвораме најкритичната безбедносна дупка за Европската унија. Земјите-членки се обврзани да воведуваат предупредувања за терористичка закана според зголемената ШИС. Секој кој претставува закана, не треба да влегува незабележано: интермобилността на ШИС со другите наши информативни системи за безбедност, граници и миграција во блиска иднина ќе се осигура дека сите точки на нашите радарски монитори се поврзани “, рече комесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос .
ШИС е најчесто користени информативен систем за безбедност и управување на границите во Европа.
Подобрениот монитороинг ќе им овозможи на надлежните служби поефикасно да ги набљудуваат луѓето кои минуваат низ европските граници, ќе ги поддржи полицијата и судството во борбата против криминалците и терористите и во идентификување на исчезнатите лица, особено децата и ранливите групи возрасни. Таа, исто така ќе овозможи извршување на одлуката за враќање на државјани на трети земји со незаконски престој во Европската унија.
Од денес земјите-членки се обврзани да ги споделат предупредувањата во врска решенијата за враќање на странски државјани и да разменуваат информации за терористички акти со другите земји од ЕУ. Нови превентивни предупредувања ќе се применуваат и за деца кои се загрозени од насилство, за принуден брак или киднапирање.
Ќе се упатат и предупредувања за идентификување на криминалци и за поширока употреба на биометриски податоци.
Забраните за влез на државјани на трети земји ќе треба да бидат воведени во системот, што ќе се спречи некој кој што има забрана за влез во Португалија, да влезе во Шенген простор во друга држава.