Новите случаи позитивни на Ковид 19 се заразени од мал семеен настан во Скопје

од Берта Китинска
153 прегледи

Едно починато лице, пет излекувани и 10 новозаболени е билансот на ковид-19 во земјава за последните 24 часа, истакна министерот за здравство Венко Филипче на пладневната прес-конференција во Владата. Смртниот случај, како што истакна, е регистриран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде почина лице на 60 годишна возраст од Делчево кое имало и придружни малигни болести.

Одговарајќи на новинарско прашање како се зголеми бројот на новите позитивни случаи министерот изјави дека новите случаи позитивни на Ковид 19 се заразени од семеен настан во Скопје.

Новодијагностицираните случаи од  вчера и денес се од еден мал семеен настан во Скопје. Тоа се членови на една фамилија кои што го подигнаа бројот на заболени овие денови во Скопје. Добро е што се од едно место и од еден познат позитивен пациент, рече Филипче.