НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Гените влијаат на потешката форма на инфекција со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Некои генетски предиспозиции се „виновни“ за фактот дека кај дел од пациентите со ковид-19 се развиваат тешки форми на инфекција, потврди истражувањето на италијански научници, чии резултати ги објавува весникот наменет за медицинскиот персонал Popular science.

Научниците своето истражување го темелеле на примерок од 1.700.000 податоци зачувани во „Covid-19 Host Genetics Initiative“, која вклучува 143 истражувачки центри од целиот свет.

Меѓу испитуваните примероци имало и 7.000 од оние лица кои развиле тешки форми на инфекција.

Значењето на ова истражување е тоа што ќе им овозможи на научниците и медицинскиот персонал да го предвидат текот на болеста на заразените и соодветно да преземат мерки или да препишат третман.

Претходни истражувања потврдија дека мажите и постарите пациенти полесно заболуваат од потешки форми на ковид-19.

Слични содржини