Ново: Научниците од “Корнел” инсистираат да јадеме почва или глина

од Vladimir Zorba
239 прегледи

1471848305-2wza43bm4763xichbdhz (1)

Ако ја вклучуваме глината во храната, ќе се одрази добро на гастроинтестиналниот тракт

Правот може да послужи како своевиден штит од паразитите и токсините. Ако вклучуваме и по малку почва или глина во менито, тоа ќе влијае добро и на гастроинтестиналниот тракт.

Така барем велат американските научници од универзитетот “Корнел”, кои одржаа големи студии во земји каде геофагијата – хранењето со почва е честа појава.

Научниците анализирале податоци од мисионери, лекари, научници и антрополози од целиот свет и собрале над 480 културни варијации на геофагијта. Според нивните податоци, “земната диета” е вообичаена меѓу луѓето, во чиј организам има недостиг на корисни материи како калциум, железо или цинк. Една од хипотезата на Американците е дека луѓето прибегнуваат кон чудното лакомство, кога имаат анемија и инстинктивно бараат да го снабдати телото со железо од почвата.

Најчеста причина за геофагијата сепак, е дека луѓето јадат почва за да го заштитат стомакот од токсини, паразити и патогени. Оваа практика се сретнува најчесто кај жени во рана бременост и кај деца пред пубертет. И двете групи се особено чувствителни на болести и штетници.

Практиката е особено честа во тропските региони, каде изобилуваат микробите извршени преку храната. “Јасно е дека геофагијата е распространета и се прави за време на ризични периоди од животот, како и во еколошки услови кои бараат одреден степен на заштита”, објасни авторот на студијата Сера Јанг.

Според претходните истражувања, јадењето почва, особено во детството, навистина го зајакнува имунолошкиот систем и го штити организмот од несакани ефекти. Идејата дури не е нова. Првиот документиран случај на употреба на почва како храна и лек, е запишан од античкиот лекар Хипократ пред повеќе од 2000 години.