Новогодишна честитка на Путин: Борбата продолжува, Русите ќе надминат сè

од Stefanija Kuzmanovska

Во својата новогодишна честитка, рускиот претседател Владимир Путин денеска ги повика граѓаните на единство, додека земјата ја погоди вториот бран на пандемијата на коронавирус.

„Денес е многу важно да веруваме во себе, да не попуштаме пред проблемите, да го зачуваме единството. Тоа е основата на нашите идни успеси“, рече Путин.

Говорот на Путин најпрво беше емитуван на полноќ на рускиот полуостров на крајниот исток од Камчатка, каде што Новата 2021 година дојде порано отколку во Москва поради временската разлика.

„За жал, епидемијата сè уште не е целосно запрена. Борбата продолжува. Лекарите, медицинските сестри и болничарите ја продолжуваат својата храбра работа“, рече Путин.

Путин е убеден дека Русите „ќе надминат сè“, повторно „ќе живеат нормално“ и ќе продолжат да ги „решаваат проблемите“ во новата деценија.

Изјавата дојде во време кога Русија се бори против пандемијата на коронавирус, во која досега животот го загубија 186.000 луѓе, што ја прави трета земја во светот по број на жртви, по САД и Бразил.

Оваа година, како што потсетува „Франс прес“, Русија ја одбележаа измените на Уставот, благодарение на што Путин може да остане на позицијата претседател до 2036 година.

Слични содржини