Вештачката елка по цена од 83 000 евра, поставена во центарот на српскиот главен град, предизвика гнев и потсмев меѓу опозицијата и граѓаните, принудувајќи општината да го раскине договорот за луксузната декорација.
Високо 18 метри и украсено со 200 црвени топки, вештачкото дрво е поставено на главната трговска улица во Белград “Кнез Михајлова”. Цената на дрвото беше откриена од сајтот за истраги Pistaljka.rs ( “свирка”), кој увери дека договорот бил потпишан три дена откако дрвото било поставено.
Градоначалникот Синиша Мали изјави дека е изненаден од тоа и ќе го раскине договорот. Опозициската централно-левичарска Демократска партија иронично ги повика жителите на Белград да ги ставаат под пластичното дрво божиќните желби за подароци во вредност од 83 илјади евра.
На една од нив пишува: “мантил, големина XL за моето куче”, на друго ливче се чита: “Сакам диплома” – алузија за корупцијата во српското образование.
Бидејќи локалните избори треба да се одржат во 2018 година, градоначалникот Синиша Мали, кој е политички сојузник на претседателот Александар Вучиќ, увери дека администрацијата на општината “работела во последните 3 години и пол при целосна транспарентност”.

Српската компанија која го постави пластичното дрво, го прифати договорот да бидат оштетени, па великодушно најави дека и покрај тоа нема да си ја прибере елката, за да придонесе за празничната декорација на крајот на годината.
Светлината и декорацијата се постојана тема за шеги. За Никола Јовановиќ, член на опозициската десничарска народна партија, е само “врв на ледениот брег” на она што општинското мнозинство го направи.
Обвинителството објави дека го испитува случајот.