Нуди 10.000 долари на оној што ќе го запознае со девојката од соништата

од desk2
94 прегледи

Џо Коен е млад директор на компанија во Калифорнија. Неговите досегашни напори да пронајде девојка не биле успешни, па се одлучил на поинаков пристап.

На оној што ќе го запознае со девојка со која ќе помине најмалку четири месеци, му нуди награда од 10.000 долари, а на тој што ќе го запознае со некој што ќе го поврзе со девојката 2.000 долари. Џо се надева дека ќе ја пронајде девојката на својот живот, која нема да сака само пари.

Овој триесетгодишник направи блог на кој се опишува себеси, но и карактеристиките што треба да ги поседува девојката која ја бара.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10154561467067396&set=a.424449997395.210039.532802395&type=3&theater

Таа не смее да биде невротична и мора да биде совесна. Мора да биде интелигентна. Не смее да има деца и мора да биде меѓу 20 и 30 години. Самосвесна, забавна девојка која не е материјалист би била идеална.

Неговата желба е таа да биде Еврејка. Ако не живее во Калифорнија, треба да биде подготвена да се пресели, а тој ќе и го плати патот и престојот додека се запознаваат.

КОен за себе вели дека е интелигентен, мил, автентичен, позитивен и чесен. Во слободно време се занимава со тенис, качување, патување и запознавање интересни луѓе.