Поранешниот градоначалник на Њујорк, Мајк Блумберг ќе помогне во создавање „армија на следачи“, која ќе ги лоцира луѓето заразени со коронавирусот и ќе ги става во изолација, изјави гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо.
Осуммилионскиот град со исто име е епицентарот на пандемијата, а следењето на заразените во поширокото градско подрачје на метрополата ќе биде тешка задача.
Куомо планира да го удвои бројот на тестови извршени на короната на дневно ниво на 40.000, пренесува Ројтерс.
„Буквално ќе бидат потребни илјадници луѓе за да влеземе во трага на заразените“, рече Куомо, истакнувајќи дека стотици трагачи во моментов работат на тоа во Њујорк.
Школото на Блумберг за јавно здравје при универзитетот „Џон Хопкинс“ ќе создаде онлајн обука, додека Блумберг Филантропијата ќе даде 10,5 милиони долари за оваа намена.