“Њујорк тајмс”: Берлин се подготвува да му одговори на теророт

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Германската влада предложи пакет мерки за зајакнување на безбедноста и контра тероризмот

терори м
Германската влада предложи пакет мерки за зајакнување на безбедноста и контра тероризмот. Тоа е најсериозниот одговор, преземен досега од властите по извршените неодамнешни  напади, меѓу кои нападите на терористи, ветила  во верност на групата “Исламска држава”, и пукањето во Минхен, пишува “Њујорк тајмс”.
Многу од мерките , изгледа, ќе бидат одобрени од парламентот, но предизвикуваат загриженост во Германија, каде што многу се држи на заштитата на приватноста и граѓанските слободи. Предлозите,  се еден целокупниот пакет, претставен од германската влада, откако Европа стана трајна цел на терористички напади на “Исламска држава”, други радикални групи и нивни следбеници.
Мерките беа предложени во момент кога канцеларката Ангела Меркел е подложена на обвинувања дека со својата политика на отворени врати кон мигрантите, ја поткопува безбедноста се проемот кон  Европа мигранти  од Сирија и други земји од Блискиот Исток .полиц гер
Германскиот план и реакцијата кон неа се  одразуваат во поширок план тензии во западните држави, поврзани со прашањето како да се постигне баланс меѓу мерките за борба против тероризмот, од една страна, и граѓанските слободи и политичката реалност, од друга, во момент на зголемен популизам, национализам и антиимигрантско  расположениие, коментираат за  американското издание.
Бегалците кои доаѓаат во Германија, може во иднина да бидат обврзани да и овозможат  на полицијата да  ги пребарува профилите и во социјалните медиуми за сомнителни коментари, посочува “Гардијан”, цитиран од агенциите.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер претставувајќи од  пакет мерки за борба со тероризмот, соопшти дека граничната полиција планира да започне примената на шема, во која бегалците, со преселување во Германија согласно договорот помеѓу Европската унија и Турција, ќе треба да ги поднесуваат смартфоните за проверка, ако немаат пасоши. Мерката нагласува зголемената загриженост во врска со традиционалните начини за утврдување на идентитетот на даден човек на граничните премини, истакнува британското издание.
ггер полиц Германија реагира на терористичките напади во последно време со план, што предвидува строги мерки против бегалците осомничени дека го поддржуваат тероризмот, и забрзување на депортацијата на странци кои извршиле злосторства, наведува британскиот. “Фајненшл тајмс”.