Американскиот весник Њујорк тајмс пишува за серија спонтани абортуси на жени на работно место во САД, каде што нема правна принуда за работодавците да ги преместат на полесни работни места.

Тие случаи, вклучувајќи ги и смрт на жена поради крварење, се најчести на ионака тешките работи во складишта каде што работат бремени жени.
Иако со поддршка на нивните лекари бараат промена на полесни работни задачи, бремените жени се принудени да кренат товар поголем од 20 килограми.
Според весникот, само во еден магацин во градот Мемфис во 2014 година, четири спонтани абортуси се случиле, а оваа година уште два, и покрај барањата на лекарите на овие бремени жени и ветувањето на работодавачот за подобрување на работните услови.
Складиштата се меѓу „најбрзо растечките работни места” во САД, пишува “Њујорк тајмс” и се наведува дека таму работат повеќе од еден милион Американци.
Сопствениците на складишта, особено оние поврзани со малопродажба и масовно испорака на стоки за курирски услуги, од вработените кои најчесто се неквалификувани, бараат голема брзина на работа и за намалување на трошоците.
Во 2011 година, една бремена жена се разболела и се онесвестила, а по две недели подоцна се вратил на работа, при што работодавецот и дал да плати сметка од 300 долари за превоз до болницата.
„Дискриминацијата на бремените жени е широко распространета во американските компании”, пишува весникот и додава дека „некои работодавачи скратуваат можности на идни мајки за унапртедуавње и зголемување на платите, а други ги ослободуваат пред да одат на породилно отсуство”.
„Њујорк тајмс” вели дека анализирале илјадници судски и други јавни документи за вработени жени кои пријавиле спонтан абортус, предвремено раѓање или, во еден случај, мртвородено бебе, бидејќи работодавачи одбиле нивните барања за помош.
Тие работеле во болница, пошта, на аеродром, во самопослуга, во затвор, во ресторан, во фармацевтска компанија и во хотели.
Сепак, одбивањето на работодавците да ги задоволат потребите на бремените жени во голема мера се целосно легални.
Според федералниот закон, компаниите не мора нужно да ги прилагодуваат работните задачи на потребите на бремените жени, дури и кога полесна работа е на располагање, па дури и кога докторите упатуваат допис до фирмите во кои работат. Само федералниот Закон за сузбивање дискриминација на бремените жени, ги шти идните мајки на работа. Тој содржи само четири члена и е стар 40 години.