НУЛА активни случаи: Ова е единствениот македонски град каде нема болни од ковид 19

од Берта Китинска
653 прегледи

Откако се воведоа рестриктивните мерки, бројот на заболени и починати од ковид 19 во земјава бележи пад. Во моментов Дојран е без ниту еден активен случај, додека пак најмногу активни носители на вирусот има во Скопје (4697), Куманово (795) и Битола (617).

Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај.На полноќ стапува на сила ограничувањето во движењето и ќе трае до 4 часот изутрина.

Дозволеното време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот.Сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите.

Надлежните велат дека  новите мерки предложени од Комисијата за заразни болести се  врз основа на стабилизацијата на епидемиолошката состојба во земјата.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.Досега вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани.

 

Слични содржини